Електроакустичен концерт

15.12.2017 [Петок] @ 20:00
Концерт на камерна музика / Камерна сала
„Zugzwang“ - за виолина, пијано, удиралки и фиксен медиум (Дарија Андовска)
 
„Book of the Devil Valley Master“ - за соло удиралки и фиксен медиум (Дарија Андовска)
 
„Apoptosis - a brief history of small deaths“ - фиксен медиум и танцов перформанс (Дарија Андовска)
 
„ThERanatOS - part 4 - Operating System“ - фиксен медиум и видео (Дарија Андовска)
 
(Учесници: Влатко Нушев, перкусии; Марија Вршкова, пијано; Владимир Костов, виолина; Студенти од катедрата по современ танц при ФМУ; кореографија: Елена Антонова Петровиќ; Мартин Иванов, видео)
 
„Дуња и Дарин“ - пет пиеси за пијано и лента (Ана Пандевска)
  • Приспивна за Дарин
  • Дарин и знамињата
  • Дарин и планетите
  • Дарин математичарот
  • Дарин пее Happy Birthday
Пијано: Дуња Иванова
 
„Landscape Atmosphere (Bells on my piano, Crystal Drops, White pearls)“ за пијано и лента - (Ана Пандевска)
Пијано: Дуња Иванова
 
„Life in a Box“ - за пијано и лента (Ана Пандевска)
Пијано: Дуња Иванова
 
Дарија Андовска (1979, Скопје) дипломира композиција на Факултетот за музички уметности во Скопје во класата на проф. Гоце Коларовски, магистрира на ZHdK во Цирих, Швајцарија, во класата на Изабел Мундри (современа музика), Доменико Ферари и Андре Белмо (филмска и театарска музика, продукција), а моментално е на докторски студии во класата на Каја Черновин, Харвард Институт, САД. Автор на камерна, соло, оркестарска, симфониска и хорска музика, како и на музика за филм, театар, танц и мултимедијални проекти. Добитник е на стипендии и учесник на мастеркласеви и работилници во Скопје, Санкт Петербург, Белград, Дрезден, Охрид, Берлин, Цирих, Солотурн, Штутгарт, Сараево, Фрајбург, Герлиц, Утрехт, Хилверсум. Нејзините дела се изведувани на фестивали и концерти во Македонија, Бугарија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Белгија, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Италија, Германија, Грузија, Франција, Англија, Ирска, Данска, Шведска, Норвешка, Украина, Азербејџан, Австрија, Албанија, Русија, Мексико, Канада, Полска, Романија, Ерменија, Турција, Шпанија, САД, Кина, Грција, објавени на CD-а во Швајцарија, Босна и Херцеговина, Италија, Македонија, Србија и Црна Гора, Германија, а издадени во печатена форма од Nuova Stradivarius - Италија, Sordino - Швајцарија, Сојуз на композиторите на Македонија - Македонија. Добитничка е на бројни интернационални и домашни награди за нејзините композиции, а филмовите, во кои освен како композитор се јавува и како ко-сценарист и ко-режисер, биле номинирани и наградени на фестивали како Сараевски филмски фестивал, Берлински филмски фестивал, Бриџ филмски фестивал. Избрана меѓу најдобрите шест млади и актуелни композитори во Европа за проектот MusMA- Music Masters on Air 2013/14. Добитничка е на наградата „Виртуози“ 2013 за најдобар композитор во Македонија, номинирана е за наградата „Виртуози“ 2014 за најдобар композитор во Македонија, на наградата „Истакнат уметник на Град Цирих - Композитор“ за 2014/2015, добитничка е на наградата „Виртуози“ 2015 за најдобар композитор во Македонија. Претставник е на Македонија за CEEC 16+1. Андовска работи како вонреден професор на Факултетот за музички уметности, како и на Факултетот за драмски уметности во Скопје.
 
Ана Пандевска (1985) е родена во Скопје. По завршувањето на средното образование во МБУЦ ,,Илија Николовски Луј“, добива стипендија за двомесечен престој во САД, во ,,Interlochen Arts Camp“ на отсекот за композиција. Студиите по композиција на Факултетот за музичка уметност ги започнува во класата на проф. Гоце Коларовски, а продолжува кај проф. Јана Андреевска во чија класа и дипломира во 2010 година. По завршувањето на студиите, како волонтер е ангажирана во Националната установа ,,Танец“, а подоцна работи и како наставник по пијано во ,,Credo school of music”. Долгогодишен член е на повеќе хорски состави: „Пиколо“, „Св.Злата Мегленска“, „Танец“. Пандевска пројавува интерес за вокалната музика, фолклорот и џезот што се чувствува како инспирација во дел од нејзините композиции. Во последните неколку години истражува во областа на електроакустичната музика. Како редовен член на СОКОМ добитник е на повеќе награди за класична композиција. Во 2015 година постави авторски целовечерен електроакустичен концерт. Нејзините композиции редовно се изведуваат на фестивалот ,,Денови на македонската музика“, a досега и на концерти во САД, Србија, Словенија, БиХ, Македонија. Автор е на солистички, камерни, хорски и симфониски дела.
  • П
  • В
  • С
  • Ч
  • П
  • С
  • Н