ШПАНСКИ ТАНЦ

01.10.2020 [Четврток] @ 20:00
Редовна програма / Концертна сала
Диригент: Емил Табаков

Диригент: Емил Табаков (Бугарија)

Програма:

Б. Цанев: Барокни варијации

Бизе-Шчедрин: Кармен свита

 

Благој Цанев (1937 – 2020) е македонски композитор чиј творечки опус се базира на неоромантизмот и неокласичната естетика. Цанев е првиотдипломец (1970) на Високатамузичкашкола (подоцна ФМУ), кадештоподоцнадипломира и на Одделотзакомпозицијаво класата на проф. Властимир Николовски. Работи како професор во Средното музичко училиште, а потоа и на ФМУ. Неговиот опус бележи дела од повеќе музички родови, а најзначајни се хорскиот, камерниот и солистичкиот жанр.
Делата на Цанев ротираат околу класичниот хармонски и мелодиски призвук, а често лајтмотив, но и интегрирана суштина во неговиот опус е и инспирацијата од македонскиотмузичкифолклор. На полето на камерната музика ги остварува најзначајните творечки достигања.
Барокните варијации „Пасчакона“ за гудачки оркестар се напишани во стилот на необарокот како што сугерира и самиот наслов на композицијата. Делото е напишано како омаж на творештвото на Јохан Себастијан Бах, во 1985 година, по повод 300-годишнината од раѓањето на композиторот. Во него, користејќи ги музичките придобивки од барокот, Цанев вешто и инвентивно го трансформира опусот на Бах, вметнувајќи свој автентичен печат. Во „Пасчакона“, композиторот се инспирира од двете најпопуларни форми на барокот – пасакаља и чакона, креирајќи моќно музичко дело кое плени со својата јасна структура и едноставност. 

Бизе – Шчедрин: „Кармен свита“
Родион Шчедрин е руски композитор и пијанист (1932), припадник на генерацијата автори по онаа на Дмитри Шостакович. Неговата музика никогаш не е досадна, имал фантастична композиторска техника, совршено чувство за креирање оркестарски ефекти и боја, и исклучително остра и фокусиранa духовност. Најпознат е по неговата исклучителна балетска адаптација на операта „Кармен“ од Бизе – напишана за гудачи и перкусионисти во која совршено може да се согледа неговата неверојатна имагинација. „Кармен свита“ е музика за балет во еден чин, а ја напишал во 1967 година за својата жена – примабалерината Маја Плисецкаја. Шчедрин ја опишал адаптацијата на музиката на Бизе како „креативна средба на два ума“. Ѝ дал нова свежина и боја, збогатувајќи ја со впечатливи ритми. Балетот бил забранет од советските власти, бидејќи, според нив, адаптацијата на Шчедрин презентирала елементарно непочитување на оригиналното дело на Бизе. 
Во суштина,Шчедрин успева да ѝ даде нов здив на музиката на Бизе и да создаде креативен омаж, наместо едноставен аранжман. Музиката за балетот е инвентивна и полна со енергија и активно го живее својот интернацинален живот како концертна свита. „Кармен свита“ е музичко дело кое совршено добро функционира и како музика за балет, но и како самостојно уметничко дело кое претставува редовен репертоар на светските оркестри. 

 

  • П
  • В
  • С
  • Ч
  • П
  • С
  • Н
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
  • 12
  • 13
  • 14
  • 15
  • 16
  • 17
  • 18
  • 19
  • 20
  • 21
  • 22
  • 23
  • 24
  • 25
  • 26
  • 27
  • 28
  • 29
  • 30