ДЕН НА ТАНЦОТ

29.04.2018 [Недела] @ 20:00
Танц /
Солист: Урсула Игли
Искра Шукарова, кореограф и професор при ФМУ-УКИМ и Урсула Игли, кореограф од САД, ќе го одбележат 29 Април, меѓународниот ден на танцот, во Камерната сала на Македонската филхармонија како и во фоајето, со почеток во 20 часот, прикажувајќи современи танцови тенденции.
 
Оваа вечер има за цел да направи пресек на уметнички и едукативен современ танцов процес. Публиката ќе има можност да го види работниот процес на студентите при ФМУ, потоа соло дело на Урсула Еагли и кореографско дело на Шукарова насловено „Чудна Шума“.
 
Како дел од овој современ танцов настан ќе учестува и Џијан Емин задолжен за музичкиот концепт, а кој веќе има соработувано со Шукарова и Игли во Њујорк во 2007 година. Настанот воедно ќе ја промовира работата на катедрата за балетска педагогија која е формирана во 2010 година при ФМУ-УКИМ.
 
За одбележувањето на 29 Април - Меѓународниот ден на танцот, ќе бидат споделени пораки од македонски автор и и од петмина странски автори проследени од страна на Македонскиот интернационален театарски институт, кој оваа година слави 70 години од формирањето. Пораките ќе ги прочитаат лица од Центарот за Даунов синдром во Македонија, со кои Шукарова соработува во последните шест месеци.
 
Настанот е овозможен со подршката од Македонската филхармонија во соработка со ФМУ-УКИМ, како и од фондот GPS-Global Practice Sharing/Movement Research. Со оваа програма ќе започне реализацијата на проектот инициран од страна на Шукарова како дел од NGO Nomad Dance Academy-Macedonia, а насловен „Nomad to Nomad“.
  • П
  • В
  • С
  • Ч
  • П
  • С
  • Н
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
  • 12
  • 13
  • 14
  • 15
  • 16
  • 17
  • 18
  • 19
  • 20
  • 21
  • 22
  • 23
  • 24
  • 25
  • 26
  • 27
  • 28
  • 29
  • 30