НОВА ЉУБОВ

16.02.2018 [Петок] @ 20:00
Концерт на камерна музика / Камерна сала
(Анна Кондратенко – I виолина, Бојан Илкоски – II виолина, Бојан Талески – виола, Марија Михајловска – виолончело)
Програма: Ј.С.Бах, Ј.Хајдн, В.А.Моцарт, Л.В.Бетовен
 
Исклучително значајна е потребата за гудачко камерно музицирање на македонската сцена во сферата на класичната музика, особено што оваа форма на концертирање во последно време кај нас како полека да изумира. Гудачкиот квартет се смета за најсложена форма за интерпретација, па можеби и затоа постои дисконтинуитет во ваквиот вид на концертно практицирање. Голема е потребата да се слушнат делата создавани за гудачки квартети во сферата на т.н. железен класичен репертоар, а кои сочинуваат цело богатство во светската музичка ризница. Токму затоа, силен беше мотивот, желбата и се разбира инспирацијата, четворица извонредни музички уметници од оркестарот на Македонската филхармонија, да формираат гудачки квартет и да придонесат кон повторно заживување на оваа концертна форма.
 
Со голема поддршка и од сегашниот в.д. директор на Македонската филхармонија, Виктор Илиески, овој квартет почнува да функционира во октомври 2017 година. Во Гудачкиот квартет членуваат - Анна Кондратенко, прва виолина (студиите ги завршува во Келн во класата на Виктор Третјаков, а од 2005 година е концертмајстор на Македонската филхармонија), Бојан Илкоски, втора виолина (дипломира во класата на Олег Кондратенко), Бојан Талески, виола (студиите ги завршува во класата на Фросина Балова) и Марија Михајловска на виолончело (студиите ги завршува во класата на Микал Канка). Сите се истакнати  музичари кои членуваат во повеќе ансамбли и остваруваат солистички настапи.
  • П
  • В
  • С
  • Ч
  • П
  • С
  • Н
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
  • 12
  • 13
  • 14
  • 15
  • 16
  • 17
  • 18
  • 19
  • 20
  • 21
  • 22
  • 23
  • 24
  • 25
  • 26
  • 27
  • 28
  • 29
  • 30
  • 31