Даниеле Акта (виолончело)

Израелската виолончелистка Даниеле Акта, иако млада (2002) досега настапувала со Камерниот оркестар „Московски виртуози и Владимир Спиваков“, Израелската филхармонија, Национланата филхармонија на Русија, Филхармонијата на Кејп таун, со Вадим Репин и Филхармонијата на Новосибирск и многу други светски оркестри.

Даниеле Акта како солистка настапувала и на најпрестижните светски сцени – „Карнеги хол“, концертната сала „Чајковски“, „Барбикан“, „Линколн центар“ и др.

Оваа исклучителна виолончелистка беше рангирана меѓу десетте најдобри изведувачи во 2016 година од „Дајли газета“. Како добитиничка на стипендијата на Американско-израелската фондација за култура таа настапи на гала-настанот по повод 75 годишнината на фондацијата на која домаќин беше Исак Перлман во Линколн центарот во Њујорк. Акта е лауреатка на натпреварот „Флејм“(Париз, 2014), на интернационалниот натпревар во Атина (2014,2015) и на Израелскиот натпревар за виолончелисти во 2013 година. Таа е студентка на проф. Фрнас Хелмерсон на Музичката академија во Берлин од 1915 година.

Родена во семејство на музичари, почнала да свири чело на четири години, откако слушнала снимка од Жаклин де Пре. Почнала да учи чело на нејзино барање на Музичкиот конзерваториум „Раана“со Галина Ароновил и Луба Рабин.

Посетувала мастер часови кај Лоренс Лесе, Трлејф Тден, Памела Франк, Марија Чајковскаја, Гери Хофман... Даниеле свири на челото „Енрико Орсели“, направено во Песаро околу 1925/1930 и има гудало направено од Клод Томасин околу 1900/1920.

Сезона 2019/20

Емил Табаков

Бугарија

Тимоти Редмонд

Велика Британија

Николас Алтштед (виолончело)

Германија / Франција

Румон Гамба

Велика Британија

Питер Мур (тромбон)

Велика Британија

Ален Бурибајев

Казахстан

Суат Арикан

Турција

Корби Велч

САД/Германија

Хајке Веселс

Германија