Давид Фре (пијано)

http://davidfraymusic.com/

Критиката за него пишува дека е „совршен пример за музичар кој размислува“. Францускиот пијанист Давид Фре е познат и по инспиративните изведби на музиката на Бах и Булез. Постојано е активен на светската музичка сцена како солист, рецитален и камерен пијанист. Соработувал со водечки светски оркестри и диригенти како Марин Oлсоп, Семјуел Бучков, Андреј Борејко, Даниел Гати, Пааво Јарви, Рикардо Мути, Еса-Пека Салонен...

Давид Фре е препознатлив и уникатен пијанист, а пред македонската публика ќе го изведе романтичниот Концерт за пијано и оркестар број 2 од Фредерик Шопен ... 

1. Омилени класични музички дела:

-Кантатите и пасиите од Ј. С. Бах.

2. Снимки од класична музика кои ги сакате:

-Снимките на Вилхелм Кемпф, Вилхлем Фуртванглер и Карлос Клајбер.

3. Омилени некласични музичари/или снимки:

-Француската пејачка Барбара и Френк Синатра.

4. Музика која ве тера да плачете/било кој жанр:

-Добра музика отсвирена лошо.

5. Дефинитивно потценето дело или композитор:

-Ернст Кренек.

6. Преценето дело, музика или композитор:

-Руската музика.

7.  Концерт на кој сте присуствувале/ било кој жанр/ кој нема никогаш да го заборавите:

-Концертите на Раду Лупу, Маурицио Полини , Рикардо Мути...

8. Некои нови филмови кои ви се допаднале:

- „Белата панделка“ на Михаел Ханеке...

9. Филмови кои се класика за вас:

- „Бери Линдон“ на Кјубрик и „Амаркорд“ на Фелини..

10.  Книги кои ви се важни:

-  „Мисли“ од Паскал.

11. Работи со кои се гордеете...

-  Нема такви...

12.  Работи од кои се срамите...

- Има многу...

13. Три работи без кои не можете да живеете:

-Музика, уметност, љубов.

14.  Кога сакам да побегнам од се... (доврши ја реченицата)

- Останувам дома со мојата сопруга и двете кучиња. 

15. Луѓето се изненадени кога ќе дознаат дека не сум...

- Фан на Глен Гулд.

16. Мои омилени градови се:

-Париз, Кортона, Венеција...

17. Тајно сум вљубен во...

-Чоколадо.

18. Тајни задоволства за кои имам грижа на совест...

- Трошам многу пари на подароци.

19.  Многу сакам да ги запознаам:

- Мерил Стрип, Вуди Ален, Лусијен Фројд.

20. Не можам да сфатам зошто...

- Луѓето се толку лоши.

Сезона 2019/20

Емил Табаков

Бугарија

Тимоти Редмонд

Велика Британија

Николас Алтштед (виолончело)

Германија / Франција

Румон Гамба

Велика Британија

Питер Мур (тромбон)

Велика Британија

Премил Петровиќ

Србија / Австрија

Сара Касл (мецосопран)

Нов Зеланд / Велика Британија

Ален Бурибајев

Казахстан

Суат Арикан

Турција