Дејв Вилсон

Дејв Вилсон е саксофонист, композитор и етномузиколог. Неговата музика вклучува дела за камерни ансамбли, оркестар и џез-состави, а има работено и во сферата на комерцијалната и филмската музика како изведувач, аранжер и композитор. Зад себе има богато искуство како музички уметник, а неговите последни албуми добија одлични оценки од публиката и од музичката критика, вклучувајќи ги „In Passing“ (SkyDeck Music, 2017) - албум со оригинална музика за ут и кларинет / бас кларинет дуо во соработка со Гејб Лавин; потоа „On the Face Place“ (SkyDeck Music, 2017) - со скопскиот џез- состав „CSPS“ ансамбл; и наскоро албумот „Слант“ (pfMENTUM, 2018) - дуо во соработка со пијанистот Ричард Валитуто. Во 2013 година, неговата композиција „Springs of a Desperate Heart“ беше изведена од страна на Бафало филхармонијата како дел од „EarShot Readings“, а во соработка со American Composers Orchestra и Jazz Composers Orchestral Institute. Настапувал и како изведувач и како автор и во Македонија, вклучувајќи ги фестивалите „Денови на македонска музика“, „Скопско лето“, со групата „Љубојна“ и со многу џез- муичари и диџеи од македонската електронска музичка сцена. Вилсон соработувал и со популарните „Tears for Fears“, со Дејв Стјуарт од „Eurhtyhmics“, со Енгелберт Хампердинк и композиторот Матео Месина. Неговите изведби го однесоа на сцените во Чикаго на World Music фестивал, Лотус фестивал, на Лондонскиот Паладиум, Сиднејската Оперска куќа, Аранета Колисеум во Манила и низ Нов Зеланд. Во моментов, Дејв Вилсон е професор по џез-студии на New Zealand School of Music на Универзитетот Викторија во Велингтон. Докторирал етномузикологија на УКЛА, а во печат е неговата книга „Gateways to Understanding Music“ со Тимотеј Рајс како коавтор, која треба да излезе во 2019 година.