И годинава, следејќи ја традицијата, на крајот од сезоната Филхармонија излегува надвор од институцијата, надвор од стандардната концертна практика. На 23 и на 29 јуни, Филхармонија ќе реализира два концерти под заеднички наслов „Филхармонија на отворено“ во Градскиот парк со почеток во 21 часот, а во соработка со Младинскиот културен центар и Град Скопје...

„Младите доаѓаат“ е насловот на претстојниот концерт на Филхармонија кој ќе се одржи овој четврток, на 23 мај во 20 часот.   Следејќи ја традицијата, и оваа година со Филхармонија ќе настапат млади, талентирани музички уметници, ученици од државните музички училишта во земјава, кои се избрани по пат на аудиција...

    Од 26 декември до 8 јануари, оркестарот на Македонската филхармонија ќе ја оствари долгоочекуваната турнеја во Кина. Како што кажува и насловот на овој грандиозен музички проект - „7 концерти во 7 градови во Кина“, оркестарот на Македонската филхармонија во рамките на двонеделната турнеја ќе одржи седум концерти во седум импозантни концертни сали во: Хохот - во театарот Хохот, Таијуан - во Шанжи театарот, Тангшан - во истоимениот театар, Женгжу - во фасцинантното истоимено здание, како и во театрите во градовите Хенгшуи, Хефеи и Донгуан...

     Извонредните уметници - џез-вокалистот Џон Илија Апелгрен и џез-пијанистот Гордан Спасовски, со здружени креативни сили ги канат љубителите на добрата музика на концертот насловен „Midnight conversation“!   На 22 декември во Камерната сала на Македонската филхармонија во 20 часот, Апелгрен и Спасовски, во очи на новогодишните празници, ќе приредат интимен, тивок перформанс кога ќе прозвучат најубавите композиции од светската џез-литература...

Македонската филхармонија, на 20 декември со почеток во 19 часот, ќе одржи концерт за деца со наслов „Со Дизни низ светот“!   Станува збор за концерт на кој оркестарот на Македонската филхармонија, под диригентство на Тимоти Редмонд од Велика Британија, ќе ја изведе музиката од најубавите и најпознатиоте филмови на „Дизни“, која ќе биде проследена и со соодветни видео-анимации...

    Оваа сабота, 24 ноември, во Камерната сала на Македонската филхармонија во 20 часот, ќе се одржи Хуманитарен концерт за помош на ЦАЦИ! Насловот на концертот е „SaxClar Fantasy“ и го претставува всушност второто издание на Меѓународниот фестивал по кларинет и саксофон кога ќе настапат истакнати музички уметници од земјава и од странство...

Македонската филхармонија доживеа извонреден прием во Шпанија, каде што во рамките на петдневната турнеја одржа два концерти во градовите Сарагоса и Хуеска. Оркестарот на Македонската филхармонија, шпанскиот диригент, маестро Рикардо Касеро и солистот на виолина, нашиот и светски Ѓорѓи Димчевски, беа испратени со овации од страна на шпанската публика која им приреди навистина убаво добредојде!     На 30 октомври, во прекрасната сала Моцарт во Аудиториумот во Сарагоса, како и на 1 ноември во Конгресната палата во градот во подножјето на Пиринеите, Хуеска, македонските филхармоничари и врвниот Димчевски како солист блескаа со изведбите на Шпанска симфонија оп...

Македонската филхармонија во периодот од 28 октомври до 2 ноември, ќе оствари турнеја во Шпанија, во градовите Сарагоса и Хуеска. На 30 октомври ќе одржи концерт во прекрасната сала Моцарт во Аудиториумот во Сарагоса, додека на 1 ноември во Конгресната палата во Хуеска...

(превземено од republika.mk)         Виктор Илиески, тромбонист од оркестарот на Македонската филхармонија, неодамна беше назначен за директор на институцијата. Роден е во 1979 година, дипломира на отсекот за тромбон во 2002, а магистрира во 2005 година на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на Ѓорги Стефановски...

  Во правец на својата посветеност за поддршка на вистинските универзални вредности, ТТК Банка АД Скопје годинава со големо задоволство безрезервно ја дава својата поддршка на Македонската филхармонија, една од најзначајните културни институции во земјава...