По повеќе од две децении, Филхармонија конечно ангажира шеф-диригент. Од оваа концертна сезона, почитуваниот маестро Габриел Бебешелеа од Романија, кој ќе го води и утрешниот концерт со кој Филхармонија ја стартува програмата под наслов „Звук на два метри“, почнува да раководи со оркестарот во нова улога која долго се очекуваше...

Новата сезона на Филхармонија почнува в четврток (20 часот) со концерт симболично насловен „Музика на два метри“ на кој ќе прозвучи антологиското дело за два гласа и оркестар „Песни за земјата“ од Густав Малер...

По пауза од неколку месеци, Филхармонија почнува со реализација на своите редовни концерти. Првиот концерт под наслов „Звук на два метри“ со кој ќе стартува новата сезона 2020/2021, ќе се реализира овој четврток (3 септември) со почеток во 20 часот, а на програмата е ремек-делото за два гласа и оркестар - „Песни за земјата“ од врвниот Густав Малер...

Почитувани, Филхармонија ги информира сите оние што купиле онлајн билети за концертите „Диши љубов“ (15 март) и „Педесет нијанси црно“ (Шерон Ковач, 2 април), дека средствата ќе им бидат рефундирани деновиве по електронски пат...

Почитувани, Во согласност со препораката на Владата на Република Северна Македонија за неодржување јавни настани, Филхармонија ги одложува сите концерти предвидени за месец март.  За продолжување на текот на концертите кои се на програмата на Филхармонија, институцијата дополнително ќе ја информира јавноста...

Речиси се распродадени билетите за престојните два концерти на оркестарот на Филхармонија. Првиот е „Штурецот и мравката“ наменет за најмладите кој ќе се одржи на 8 февруари (сабота) во 12 часот. Станува збор за уште еден, премиерен детски концерт кој Филхармонија го реализира во соработка со НЛБ...