Од 26 декември до 8 јануари, оркестарот на Македонската филхармонија ќе ја оствари долгоочекуваната турнеја во Кина. Како што кажува и насловот на овој грандиозен музички проект - „7 концерти во 7 градови во Кина“, оркестарот на Македонската филхармонија во рамките на двонеделната турнеја ќе одржи седум концерти во седум импозантни концертни сали во: Хохот - во театарот Хохот, Таијуан - во Шанжи театарот, Тангшан - во истоимениот театар, Женгжу - во фасцинантното истоимено здание, како и во театрите во градовите Хенгшуи, Хефеи и Донгуан...

     Извонредните уметници - џез-вокалистот Џон Илија Апелгрен и џез-пијанистот Гордан Спасовски, со здружени креативни сили ги канат љубителите на добрата музика на концертот насловен „Midnight conversation“!   На 22 декември во Камерната сала на Македонската филхармонија во 20 часот, Апелгрен и Спасовски, во очи на новогодишните празници, ќе приредат интимен, тивок перформанс кога ќе прозвучат најубавите композиции од светската џез-литература...

Македонската филхармонија, на 20 декември со почеток во 19 часот, ќе одржи концерт за деца со наслов „Со Дизни низ светот“!   Станува збор за концерт на кој оркестарот на Македонската филхармонија, под диригентство на Тимоти Редмонд од Велика Британија, ќе ја изведе музиката од најубавите и најпознатиоте филмови на „Дизни“, која ќе биде проследена и со соодветни видео-анимации...

    Оваа сабота, 24 ноември, во Камерната сала на Македонската филхармонија во 20 часот, ќе се одржи Хуманитарен концерт за помош на ЦАЦИ! Насловот на концертот е „SaxClar Fantasy“ и го претставува всушност второто издание на Меѓународниот фестивал по кларинет и саксофон кога ќе настапат истакнати музички уметници од земјава и од странство...

Македонската филхармонија доживеа извонреден прием во Шпанија, каде што во рамките на петдневната турнеја одржа два концерти во градовите Сарагоса и Хуеска. Оркестарот на Македонската филхармонија, шпанскиот диригент, маестро Рикардо Касеро и солистот на виолина, нашиот и светски Ѓорѓи Димчевски, беа испратени со овации од страна на шпанската публика која им приреди навистина убаво добредојде!     На 30 октомври, во прекрасната сала Моцарт во Аудиториумот во Сарагоса, како и на 1 ноември во Конгресната палата во градот во подножјето на Пиринеите, Хуеска, македонските филхармоничари и врвниот Димчевски како солист блескаа со изведбите на Шпанска симфонија оп...