ПРАВИЛНИК за измена за полагање на аудиција

Врз основа на член 36 став (1) точка 11 од Законот за културата (Службен весник на РМ бр. 31/1998, 49/2003, 82/2005, 24/2007, 15/2008, 116/2010, 47/2011, 51/2011, 136/2012, 23/2013, 187/2013, 44/2014, 61/2015, 39/2016 и 11/2018) и член 21 став (1) точка 11 од Статутот на Националната установа „Македонска филхармонија“ - Скопје бр. 02-273/3 од 26.09.2017 година, Управниот одбор на Националната установа „Македонска филхармонија“ – Скопје ја донесе следната:

 

ПРАВИЛНИК

за измена на Правилникот за полагање на аудиција во Н.У. ФИЛХАРМОНИЈА НА РСМ

Член 1

По членот 6 се додава нов наслов и три нови члена:

,,Постапка за спроведување на аудиции за утврдување за самостојно вршење на работни задачи на приправници“.

Се менува и дополнува правилникот за полагање на аудиција со додавање на нови членови 7, 8 и 9 на следниот начин:

Член 7

Аудиција за утврдување за самостојно вршење на работни задачи на приправници се одвива во една етапа и јавно.

Член 8

По завршувањето на аудицијата, аудиционата комисија се повлекува и ги оценува кандидатите со поени од 5 (не положил) до 10, со јавно гласање и со пополнување на формулари за секој кандидат и утврдува предлог - одлука која ја доставува до директорот, заедно со писмените листи за гласање. Критериумите (параметрите) се следните:

- интонација

- ритам

- стилска одреденост (стилски карактер)

- уметнички впечаток (виртуозност, музикалност, сугестивност)

- подготвеност на оркестарските делници (со сите претходни параметри)

- вклопеност во работната средина.

Член 9

За утврдување за самостојно вршење на работни задачи на приправници , при полагањето кандидатите имаат право да изберат концерт од двете етапи од правилнкот за програма.

Кандидатите на аудицијата за распоредување имаат обврска да изведат брз и бавен став од концертите.

Делниците од програмата за приправници важат и за кандидатите кои ќе ја полагаат аудицијата за распоредување.

 

Член 4

Останатите членови од Правилникот се менуваат само во броевите на членовите и тоа:

членот 7 – станува член 10, членот 8 станува член 11, членот 9 станува член 12, членот 10 станува член 13, член 11 станува 14, членот 15 станува член 16, член 14 станува член 17, член 15 станува член 18, член 16 станува член 19 и член 17 станува член 20.

Член 5

Се прави надополнување и измена  на програма за полагање на аудиција, која ќе биде составен дел од правилникот за полагање на аудиција.

Во програмата се додаваат:

1.Пијано.

2.III Обоа и Англиски Рог

3.III Флејта и Пиколо

4.III Фагот и Контра Фагот

5.III Кларинет и Бас кларинет

6.III Тромбон и Бас Тромбон.

7.Хорна III и IV

Додека во делот на Тромбон се додава нов концерт кој гласи:

- Л.Грондал.

Член 6

Управниот Одбор ќе донесе пречистен текст на правилникот за полагање на аудиција и програма за полагање на аудиција.

 

Член 7

Овој Правилник стапува на сила со денот на донесувањето, а се објавува на огласна табла, официјалната интернет страна на НУ Македонска Филхармонија.

 

Скопје, 25.11.2019 година.

 

Претседател на УО на Филхармонија на РСМ

Трена Јорданоска