СИТЕ ЗА ЦАЦИ

 
 
Оваа сабота, 24 ноември, во Камерната сала на Македонската филхармонија во 20 часот, ќе се одржи Хуманитарен концерт за помош на ЦАЦИ!

Насловот на концертот е „SaxClar Fantasy“ и го претставува всушност второто издание на Меѓународниот фестивал по кларинет и саксофон кога ќе настапат истакнати музички уметници од земјава и од странство.

Средствата од продажбата на билетите, кои се продаваат на билетарницата на Македонската филхармонија, ќе бидат донирани за Цаци, а НУ Македонска филхармонија за таа цел ќе издвои дополнителни 20 илјади денари.