Билетите за концертот MURDER BALLADS од денес на продажба!

Билетите за концертот по повод Денот на вљубените - MURDER BALLADS, кој ќе се одржи на 14 февруари 2018, ќе бидат пуштени во продажба од денес (22.01.2018).

Билетите, по цена од 800 и 1000 денари, ќе можат да се набават на билетарницата на Македонската филхармонија, секој ден од 10:00 до 20:00 часот и во сабота од 10:00 до 14:00 часот.