Почитувани, Концертот „Моја љубов“ ќе се одржи во понеделник, на 18 февруари, во 20 часот. Македонската филхармонија уште еднаш изразува длабоко сочуство до семејствата на загинатите во трагичната сообраќајна несреќа што се случи синоќа...

    Од 26 декември до 8 јануари, оркестарот на Македонската филхармонија ќе ја оствари долгоочекуваната турнеја во Кина. Како што кажува и насловот на овој грандиозен музички проект - „7 концерти во 7 градови во Кина“, оркестарот на Македонската филхармонија во рамките на двонеделната турнеја ќе одржи седум концерти во седум импозантни концертни сали во: Хохот - во театарот Хохот, Таијуан - во Шанжи театарот, Тангшан - во истоимениот театар, Женгжу - во фасцинантното истоимено здание, како и во театрите во градовите Хенгшуи, Хефеи и Донгуан...

     Извонредните уметници - џез-вокалистот Џон Илија Апелгрен и џез-пијанистот Гордан Спасовски, со здружени креативни сили ги канат љубителите на добрата музика на концертот насловен „Midnight conversation“!   На 22 декември во Камерната сала на Македонската филхармонија во 20 часот, Апелгрен и Спасовски, во очи на новогодишните празници, ќе приредат интимен, тивок перформанс кога ќе прозвучат најубавите композиции од светската џез-литература...

Македонската филхармонија, на 20 декември со почеток во 19 часот, ќе одржи концерт за деца со наслов „Со Дизни низ светот“!   Станува збор за концерт на кој оркестарот на Македонската филхармонија, под диригентство на Тимоти Редмонд од Велика Британија, ќе ја изведе музиката од најубавите и најпознатиоте филмови на „Дизни“, која ќе биде проследена и со соодветни видео-анимации...