Галерија Пријатели Контакт Годишна програма logoFacebook logoTwitter
назад кон претходна страна



Тимоти Редмонд (Велика Британија) - Диригент


Тимоти Редмонд (Велика Британија)

Тимоти Редмонд студира обоа на Кралскиот северен колеџ за музика, а подоцна се усовршува на мајсторски курсеви по диригирање со Јан Паскал Тортелије, Иља Мусин, Џорџ Хрст и Пјер Булез. Од 2006 година Тимоти Редмонд е шеф-диригент на Филхармонијата на Кембриџ и диригира со сите водечки британски оркестри, меѓу кои Лондонскиот симфониски оркестар, Кралскиот филхармониски оркестар од Ливерпул, оркестарот на градот Алстер, филхармониските оркестри на „Би-Би-Си“ и многу други. Кариерата го води во Франција, Белгија, САД, Финска, Босна и Херцеговина, каде што диригира со оркестри и работи на оперски продукции. Неодамна во САД, Редмонд работи како диригент на подготовките на нова опера базирана на приказната „Чарли и фабриката за чоколада“, а неодамна ја збогатува сопствената дискографија снимајќи компакт-диск со француската виолончелистка Офели Гајар за „Наив рекордс“. Неодамна дебитира во театарот „Марински“ од Санкт Петербург, диригирајќи ја руската премиера на современата  опера „Напудри го нејзиното лице“ од Томас Адес, која претходно ја диригира во Кралската оперска куќа, „Ковент гарден“ во Лондон. Оперските ангажмани вклучуваат продукции во англиската Опера Норт, Англиската туринг опера, Операта на Тенерифе, Фестивалот Глајндборн, Операта во Стразбур и Фламанската опера. Во сезоната 2009/10 дебитира во САД со операта на Сент Луис и повторно настапува во Кралската оперска куќа „Ковент гарден“ во Лондон. Во иднина го очекува премиерата на операта „Напудри го нејзиното лице“ од Томас Адес во Англиската национална опера.