Галерија Пријатели Контакт Годишна програма logoFacebook logoTwitter
назад кон претходна страна



Саша Николовски-Ѓумар - Диригент


Саша Николовски-Ѓумар

Роденво Битола во 1966 година, Саша Николовски е еден од најдобрите македонски диригенти. По завршувањето на среднотообразование се запишува на Електро-техничкиот факултет во Скопје, но го напуштаза да се занимава со музика. Се запишува на Факултетот за музичка уметност наотсекот за музичка теорија и педагогија и дипломира како најдобар студент нагенерацијата. За време на овие студии, се запишува и на отсекот за композицијаи диригирање, од кој дипломира со највисоки почести, диригирајќи ја Вердиеватаопера „Травијата“ во Македонската опера и балет. За време на студиите работикако диригент со Хорот и Оркестарот на Факултетот за музичка уметност,Симфонискиот оркестар на РТ Сараево и академскиот хор „Мирче Ацев“. Подипломирањето волонтира во Македонската филхармонија и асистира на диригентитеВанчо Чавдарски и Александар Лековски во МОБ. Од 1993 Саша Николовски е музичкидиректор на Летниот музички камп на Музичката младина на Македонија и ешеф–диригент на Младинскиот камерен оркестар, диригирајќи бројни изведби на „Охридсколето“ и „Скопско лето“. Во 1995 настапува со Младинскиот камерен оркестар воБудимпешта на прославата по повод 50-годишнината на Светската федерација наМузичка младина. Истата година го формира оркестарот за современа музика„Синтезис“. Николовски продолжува да се надоградува на конзерваториумот„Николај Римски-Корсаков“ во Санкт Петербург во класите на истакнатитепрофесори Илја Мусин и Михаил Кукушкин, добивајќи можност да соработува содиригенти како Јури Темирканов и Валериј Гергиев. По неговите студии во Русија,во 1996 започнува редовна соработка со Хорот и Оркестарот на ФМУ во Скопје,Младинскиот камерен оркестар на Музичка младина на Македонија, Македонскатаопера и балет, Македонската филхармонија, Македонскиот камерен оркестар иансамблот „АЛЕА“, настапувајќи на Охридско лето, Хераклејски вечери, Мајскиоперски вечери, Прилепско лето и Штипско лето. Во 1999 магистрира со највисокиоцени на Академијата „Панчо Владигеров“ во Софија, каде што учи оркестарскодиригирање со Васил Казанџиев и оперско диригирање со Боби Хинчев. За неговатаработа со ансамблот за современа музика „Св. Софија“, во 2001 година е добитникнанаградата „Георги Божиков“ за најдобра изведба на фестивалот „Денови намакедонска музика“. Саша Николовски настапува во Унгарија, Романија, Бугарија,Австрија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Црна Гора. Од 1998 наФакултетот за музичка уметност предава хорско и оркестарско диригирање, Оперскостудио и група предмети од областа на диригирањето.