Галерија Пријатели Контакт Годишна програма logoFacebook logoTwitter
назад кон претходна страна



Мојца Злобко-Вајгл - харфа (Словенија)


Мојца Злобко-Вајгл - харфа (Словенија)

Мојца Злобко Вајгл еедна од најпочитуваните харфистки не само во Словенија и во рамките напросторите на поранешна Југославија, туку зад себе има богата интернационалнакариера како солист и како камерен музичар. Предава на Академијата за музика воЉубљана, каде што дипломирала во 1991 година, период кога почнува да работи икако соло харфистка во оркестарот на Словенечката опера и балет во Љубљана.Наскоро нејзиниот талент ќе го фокусира како солист и ќе го комплетираобразованието како постдипломец на Академијата за музика и театар во Хамбург сопроф. Марија Граф. Мојца Злобко поседува широк репертоар, а нејзините изведбибиле инспирација за многу композитори да создадат дела токму за харфа иоркестар која таа често ги интерпретира. Досега настапувала со мноштвореномирани ансамбли, вклучувајќи ги и Берлинскиот симфониски оркестар,Камерниот оркестар на Стокхолм, Камерниот оркестар на Хамбург филхармонијата,Гудачкиот квартет „Лајпциг“, квартетот „Орфеус“, Белградската филхармонија, Сараевскатафилхармонија, Националниот оркестар на Киев... Често, Мојца Злобко настапувакако солист со Словенечката филхармонија и со Симфонискиот оркестар на РадиоСловенија. Досега има снимено седум соло ЦД-иња. Помеѓу 2000 и 2002 година,Злобко живее и настапува во Виена, додека од 2002 до 2004 година во Берлин.Често е канета да биде член на жири комисиите на интернационални натпревари похарфа ширум светот.