Галерија Пријатели Контакт Годишна програма logoFacebook logoTwitter
назад кон претходна страна



Лукаш Вондрачек - пијано (Чешка)


Лукаш Вондрачек - пијано (Чешка)

„ПијанистотЛукас Вондрачек е господар насовршено изразени текстури“, ќе напише магазинот „Стрејтс тајмс“ за чешкиотт.н. супер пијанист (1986). Нарекуван е и „најголемиот пијанистички талент нанашето време“. Од неговото деби кое ќе го оствари на 14 години со Чешкатафилхармонија, под палката на маестро Владимир Ашкенази, Вондрачек настапуваширум светот со реномирани оркестри, вклучувајќи ги и Би би си Филхармонијата,Германскиот симфониски оркестар на Берлин, Хонг Конг Филхармонијата,Лондонската филхармонија, „Тонхале“ оркестарот во Цирих и уште многу други,соработувајќи со врвни диригенти како Марин Алсоп, Ашкенази, Пааво Јарви,Василиј Петренко, Антони Вит... Постојано е активен и во однос на рециталнитеконцерти, свирејќи во „Карнеги хол“ во Њујорк, „Концертгебау“ во Амстердам,„Кенеди центар“ во Вашингтон, „Опера хаус“ во Сиднеј, „Палатата на уметностите“во Брисел, „Ројал фестивал хол“ во Лондон итн. Лукас Вондрачек е роден воОпава, а со музика почнува да се занимава уште на две годишна возраст. Син е надвајца професионални пијанисти. Откако ќе го направи своето деби во Њујорк пак,на 16 години, во салата на „Карнеги хол“ - „Исак Штерн“, тој се сели во САД иво 2009 година добива диплома од Конзерваториумот „Њу Ингланд“ во Бостон.Негови учители се Хунг-Куан Чен, Ашкенази, Рудолф Бернатик... Добитник е намногу први награди и всушност, тој е една од најголемите ѕвезди напијанистчките меѓународни натпревари. Добитник е на наградата „Хано Р.Еленбоген“ за исклучителен млад уметник во Европа (2001), прва награда наХилтон натпреварот (2010) во Јужна Каролина, прва награда, Гран при и четири специјални награди на натпреварот во Преторија, Јужна Африка итн. Неговиотрепертоар е широк, иако е познат по маестралните изведби на концертите одПрокофјев, Григ, Чајковски и особено Рахмањинов.