Галерија Пријатели Контакт Годишна програма logoFacebook logoTwitter
назад кон претходна страна



Ејми Диксон - саксофон (Австралија)


Ејми Диксон - саксофон (Австралија)

„Тааима индивидуален и необичен тон..., нејзините фрази прекрасно завршуваат,нејзината контрола на динамиката е бескрајно суптилна“, ќе напише магазинот„Грамофон“ за два пати „Греми“ номинираната Еми Диксон (1982), една однајдобрите саксофонистки денес. Таа всушност е и првата саксофонистка и прватаАвстралијанка која ја доби наградата Класик „Брит“, откако го објави својоттрет албум „Duskand Dawn“ и кој беше на водечкото место во Велика Британија. Војануари 2016-та, Диксон беше именувана за Млад Австралијанец на годината во Британија.Нејзиниот репертоар е строго ориентиран на нејзината страст за новата музика,таа е целосно посветена на новите дела, особено на оние создавани за саксофон.Моментно, Еми Диксон живее и твори во Лондон, но е родена во Сиднеј, Австралијакаде што на шест години почнува да зема часови по саксофон. Својот првконцертен настап го има на 16 години, а две години подоцна ја прави и прватаснимка како солист со Симфонискиот оркестар на Сиднеј. Таа година се сели воЛондон за да студира на Кралскиот колеџ за музика, а потоа и наКонзерваториумот во Амстердам. Добитничка е на значајни награди кои ретко одатво рацете на саксофонистите. Настапува како солист ширум светот со врвниоркестри, во Ројал Алберт хол, во Сиднеј Опера хаус или Концертхаус во Виена,но и како камерен музичар. Во 2015 година се придружува на Шкотскиот ансамбл натурнеја низ Британија која вклучува концерти во Единбург, Глазгов и Лондон и коиоставаат силен впечаток. Една од критиките во „Хералд Скотланд“ на пример, велидека саксофонот на Еми Диксон има топол, возвишен и експресивен тон што може дастопи и камен. Таа снима за „Сони Класикс“ и досега има реализирано шест албумичии изведби на дела, особено „Spiegel im Spiegel“ од Арво Парт,Концертите за виолина од Филип Глас, делата на Џон Тавенер и на Мајкл Најмансместени на албумот од 2009, како и делата на Џон Вилијамс или Мајкл Кејмен одалбумот „CatchMe If You Can“, се оценети како врвни. Нејзините изведби ги красат инекои од најдобрите филмски остварувања.